Верувале или не – Пескара е најголемиот виновник за титулата на Италија на ЕВРО (ФОТО)

Италија стигна до титулата на Европското првенство откако во финалето славеше над Англија по изведување на пенали. Голем удел во целиот успех на „аѕурите“ на овој шампионат има фудбалскиот клуб Пескара од кој излегоа дури тројца од стандардните првотимци на Италија.

Пред точно девет години, Чиро Имобиле, Лоренцо Инсиње и Марко Верати беа дел од овој клуб кој во тоа време настапуваше во Серија Б.

 

Се вчитува...