Првиот човек на УФЦ, Дана Вајт потврди дека ќе организира настан во Србија.
ММА во моментов е најбрзо растечкиот спорт на планетата и милиони луѓе низ целиот свет со нетрпение ги следат борбите на оваа организација од викенд до викенд. Секој одамна знае дека елитни таленти доаѓаат во УФЦ и се натпреваруваат со најдобрите во светот.
УФЦ ретко доаѓа во Европа, но сега е многу блиску до договор со Србија, а сето тоа го потврди првиот човек Дана Вајт.
„Продолжуваме да склучуваме договори низ целиот свет, ќе патуваме повеќе. Нов договор со Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, одиме и во Србија…“ рече Вајт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

