Франиско Серундоло, најдобро рангираниот тенисер од Јужна Америка говореше за легендарниот Новак Ѓоковиќ упатувајќи пофални зборови за српскиот тенисер кој несомнено е еден од најдобрите во историјата.
Аргентинецот вели дека му се восхитува на Ѓоковиќ и бидејќи е најдобар во историјата, а се додека тој верува дека може секој да го победи, тоа и ќе биде така.
„Му се восхитувам на Новак. Има страст кон тенисот за која не можам да верувам. Има 38 години, а ги победува сите освен Алкараз и Синер. Тој верува дека може секој да го победи, а штом тој верува треба да му веруваме и ние бидејќи е најдобар во историјата. Си велиш себе си „Каква ли мотивација има штом се уште ужива во играта“. Имам добар однос со него, некогаш заедно тренираме. Секогаш се поздравуваме, секогаш говориме, понекогаш ми дава и по некој совет“, вели Серундоло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

