Весели: Ќе видиме, може еден ден да се вратам во Партизан

Партизан и неговите навивачи му приредија фантастичен пречек на поранешниот кошаркар на „црно-белите“, Јан Весели. Чешкиот репрезентативец гостуваше во преполната „Штарк Арена“ со својата Барселона, а покрај дресот од клубот доби и овации од навивачите кои пееја „Јан врати се“.

По натпреварот Весели беше запрашан за атмосферата, но и за можно враќање во Белград каде настапуваше од 2008 до 2011 година.

„Неверојатен пречек. Многу емотивен. Многу ме допре на почетокот, но успеав да се вратам себеси. Фантастично. Уживав во атмосферата, ме потсети на старите добри времиња пред да заминам од Партизан. Ќе видиме за враќање. Не сакам да ветувам нешто што не можам да го исполнам. Играв врвна кошарка во Партизан и навистина уживав тука, се беше феноменално. Ќе видиме“, изјави Весели.

 

Се вчитува...