Јан Весели ќе продолжи да го носи дресот на Фенербахче откако чешкиот центар денеска потпиша нов тригодишен договор со актуелниот првак на Турција.
Извонредниот центар пристигна во Фенер во 2014 година и експресно се наметна како еден од клучните играчи во тимот на Жељко Обрадовиќ. Договорот на Весели истекуваше на крајот од сезонава, но управата на Фенербахче успешно ги финишираше преговорите за продолжување на соработката, со што чешкиот центар ќе остане во Истанбул до јуни 2022 година.
Весели, кој моментно е надвор од терените поради повреда, сезонава настапи на 19 средби од Евролигата, во просек бележејќи по 14,4 поени, 5,6 скоков и 2,6 блокади по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА