Репрезентацијата на Црна Гора рутински славеше со 2-0 над Белорусија, по што избраниците на Роберт Просинечки ги вртат погледите кон дуелот со Македонија, што ќе биде одигран в понеделник во Анталија.
Марко Вешовиќ, кој беше стартер во црногорскиот табор во триумфот над Белорусите, е свесен дека неговата селекција ќе има многу потешка задача против Македонија.
„Сигурно е дека Македонците се поквалитетна селекција во однос на Белорусија. Станува збор за квалитетна репрезентација со добри фудбалери, многу напредуваа и како колектив. Ќе видиме како ќе изгледа на теренот, но во секој случај тоа ќе биде уште една добра проверка за нас и шанса за новите момци да се докажат. Исто така, шанса за сите нас да играме уште подобар фудбал. Можеме да бидеме задоволни од тримфот над Белорусија, добро се справувавме со пресингот на противникот, создававме шанси и дадовме голови од убави акции. Тоа е и најважно, бидејќи новиот селектор најави дека мораме многу да работиме на тој сегмент што повеќе да ја имаме топката во наш посед“, изјави Вешовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА