Весино спаси бод за Лацио, Калулу е трагичарот на Јувентус

Дербито на колото во Серија А меѓу Лацио и Јувентус заврши без победник откако „лацијалите“ по голема битка, со гол во 95. минута преку Весино успеаја да избегнат пораз од големиот ривал. Јуве беше многу блиску до победата, но не успеа да издржи со играч помалку по почетничкиот потег на Калулу и заслужениот црвен картон во второто полувреме.

Јувентус прв дојде во водство со голот што го постигна Коло Муани на стартот од второто полувреме.Јуве делуваше во контрола, но ситуацијата се искомпликува откако Калулу реагираше почетнички, удирајќи противнички фудбалер без топка и добивајќи заслужен црвен картон.

Дефанзивецот го остави својот тим на цедило во последните триесетина минути, Лацио ја пресели играта пред голот на Ди Грегорио, но римјаните не искористија неколку убави шанси, го погодија и дирекот во 93. минута.

Сепак, тоталната иницијатива вроди со плод во 96. минута, Ди Грегорио повторно одлично одбрани, но топката се одби до Весино кој од непосредна близина ја смести во мрежата.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...