На покана на Веслачкиот клуб Палиќ од Србија, охридските веслачи од ВК „Горица Ремо“ отпатуваа на „ROWLE ERGO штафета 2024“, која ќе се одржи викендов во Палиќ. Овој несекојдневен натпревар е дел од проектот ROWLE како состав од програмата „Interreg VI-A“ меѓу Унгарија и Србија.
Натпреварувањето е од штафетен карактер и е наменет за сите возрасни категории од пионерска па се до ветерани. Веслачкиот клуб Горица Ремо ќе се натпреварува во кадетска конкуренција каде ќе настапи Андреј Крстески, додека во сениорска конкуренција боите на клубот ќе ги бранат Исабела Димоска и Александра Маленкоска.
„Целта на ова натпреварување претставува промоција на спортот и физичката активност, како и јакнењето на прекуграничната соработка помеѓу учесниците“ – велат од веслачкиот клуб Горица Ремо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА