Изминатиов викенд во организација на Веслачката федерација на Македонија во Автокампот АС во Струга се одржа Државното првенство во веслање, на кое што настапија четирите веслачки клубови од државата.
Успешен настап имаа веслачите од „Горица Ремо“ од Охрид, кои што освоија шест медали. На највисокото место се искачија Александра Маленкоска и Исабела Димоска во дисциплината дубал-скул сениорки, до среброто “извеслаа“ нивните клупски колешки Дениз Хајредин и Валентина Модева Караѓуле.
Во дисициплината скиф за сениорки до среброто извесла Александра Маленкоска, а бронзата и припадна на Исабела Димовска.
Во скиф за кадети, Андреј Крстески ја освои бронзата, а до бронза “извесла“ и Филип Трпески во скиф за сениори.
Забележителен и успешен настап имаше и најмладата веслачка надеж на охридскиот клуб, Ана Ничевска која го освои четвртото место.
Следен предизвик за Веслачкиот клуб „Горица Ремо“ ќе биде Меѓународната регата Војводина опен во Палиќ, Србија.

По завршувањето на натпреварот, се одржа и Вонредно собрание на ВФМ, на кое на предлог на претседателот на ВФМ, м-р Коста Хиохи, едногласно беше изгласана Александра Маленкоска за Спортски директор на репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА








