Холандскиот интернационалец Весли Снајдер го напушта турскиот клуб Галатасарај. Тој се согласи на спогодбен раскин на договорот, а најавите се дека би можел да се врати во Серија А и да го облече дресот на Сампдорија.
Поранешниот играч на Реал Мадрид и на Интер подолг период бараше начин да си замине од Истанбул, а неговиот агент конечно успеа да издејствува раскин на договорот со Галатасарај. Сепак, клубот постави и една клаузула, дека Снајдер ќе треба да исплати 20 милиони евра, ако во следните три години потпише за друг турски клуб.
Весли Снајдер е фудбалерот со најмногу репрезентативни настапи за Холандија, вкупно 131, со што го надмина Едвин ван дер Сар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА