Весли Снајдер трогнат од гестот на Модриќ: „Толку си понизен и голем…“

Холандската фудбалска легенда, Весли Снајдер, му се заблагодари на Лука Модриќ што не ги заборавил другите фудбалери во доделувањето на „Златната топка“, воодушевен од неговиот голем гест.

Откако му беше врачена „Златната топка“ , Лука Модриќ во својата изјава им се поклони на сите играчи кои заслужувале да го освојат ова признание како Чави, Иниеста, Снајдер… но не го добиле бидејќи во нивната ера доминацијата на Роналдо и на Меси била пресилна.

Изјавата на хрватскиот фудбалер ја воодушеви јавноста бидејќи Модриќ упте еднаш покажа дека покрај фудбалската умешност го краси и голема скромност. Воодушевен и трогнат од изјавата на Модриќ е и легендарниот холандски фудбалер, Весли Снајдер, кој е еден од оние што ги издвои како посебни, годинашниот добитник на „Златната топка“. Снајдер преку социјалните мрежи му честиташе и му се заблагодари на Модриќ за убавата порака.

„Твојата посвета на „Златната топка“ на другите играчи, вклучувајќи ме и мене, покажува колку си голем и понизен. Лука, ова го заслужи. Големи честитки“ – напиша Снајдер.

Холанѓанецот исто како и Модриќ, беше дел од Реал Мадрид во периодот од 2007 до 2009 година.

Се вчитува...