Катастрофалната сезона на Веспрем на ракометната сцена придонесе управата на унгарскиот гигант да донесе очекувана одлука – врачување на отказ на тренерот Давид Дејвис.
Шпанскиот стратег пристигна на кормилото на Веспрем во 2019 година, успеа да го одведе тимот до две учества на фајналфор турнирите во Лигата на Шампионите, но не и да ја оствари големата желба на сите приврзаници на клубот – кревање на европскиот шампионски трофеј.
Оваа сезона беше вистинско фијако, Веспрем не успеа да стигне ниту до учество на Ф4 откако беше елиминиран од Келн, а откако претрпе и два порази од Пик Сегед и ја загуби трката за титулата во Унгарија беше јасно дека разделбата од Дејви е неизбежна. Веспрем денеска само официјално го потврди отказот од поранешниот тренер на ЖРК Вардар, најавувајќи дека најдоцна до 1 јули ќе биде именуван неговиот наследник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА