Унгарскиот Веспрем е првиот финалист на фајнал-фор турнирот во СЕХА лигата, откако во полуфиналето го совлада белорускиот Мешков Брест со 28-24. Во израмнетото прво полувреме во кое и двата тима играа гол за гол, за нијанса подобро се снајдоа Белорусите кои на пауза заминаа со минимална предност од 12-13.
Стартот на вториот дел беше клучен во мечот. Унгарците заиграа подобро, а во 45. минута за првпат стигнаа и до плус три гола разлика 20-17. До крајот избраниците на Давид Дејвис го одржуваа водството кое во неколку пати стигна и до пет голови разлика, а на крајот славеа со конечни 28-24.
Гашпер Маргуч и Петар Ненадиќ со по 6 гола беа најдобри поединци во победничкиот табор, додека македонскиот репрезентативец Дејан Манасков натпреварот го заврши со три гола. Одличен во Веспрем беше и голманот Коралес кој забележа 15 одбрани. Кај поразените Шкурински постигна шест гола, додека голмано Пешиќ забележа 8 одбрани.
Противникот во финалето Веспрем ќе го дознае вечерва од натпреварот во кој се среќаваат актуелниот европски, регионален и македонски шампион Вардар и хрватскиот Загреб, меч кој е со почеток во 20:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА