Веспрем го освои Париз и го оддалечи ПСЖ од второто место

Ракометарите на ПСЖ продолжуваат со игрите „топло-ладно“ во Лигата на шампионите. Вечерва францускиот тим беше поразен од Веспрем на домашен терен со 33-37, и така си ја загорчија судбината за второто место на табелата, кое носи директен пласман во 1/4 финалето.

Натпреварот унгарскиот тим го реши во првиот дел, кога поведе со 18-23, а во второто полувреме ПСЖ успеа да се доближи до само еден гол разлика на двапати, но не најде сили за целосен пресврт.

Маргуч со шест голови беше најефикасен кај победничкиот тим, додека кај ПСЖ исто толку постигна Шипжак.

Се вчитува...