Веспрем има[e извонредна увертира за Ф4 турнирот во Келн откако во дерби-дуелот од унгарскиот шампионат го декласираше на гостински терен Пик Сегед со неверојатни 24-36. Пик Сегед во последните години многу често му создаваше проблеми на Веспрем, но денешното дерби мина во апсолутна доминација на избраниците на Давид Дејвис.
Домаќините колку-толку парираа во првиот дел што заврши со 14-16, за Веспрем уште повеќе да додаде гас во второто полувреме, да ги добие овие 30 минути со убедливи 10-20 и на крајот да слави со преубедливи 12 гола разлика. Дејан Манасков не настапи на оваа средба, а најефикасни кај Веспрем беа Ненадиќ со осум и Нилсон со седум погодоци.
Пред Манасков и Веспрем сега се наважните два натпревари за оваа година, оние од завршницата од Лигата на Шампионите. Унгарскиот гигант во полуфиналето на 28 декември во „Ланксес Арена“ ќе се сретне со Кил. Победникот на овој меч во големото финале ќе се сретне со подобриот од второто полуфинале меѓу Барселона и ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА