Унгарскиот Веспрем славеше на гостувањето кај данскиот Гог во трилер натпревар со минимални 30-31 во меч од 4. коло од групата А во ракометната Лига на шампиони.
Двете екипи одиграа еден неверојатен меч со многу возбудувања, а Унгарците успеаја да останат максимални и по три кола откако во самиот финиш од мечот српскиот интернационалец Петар Ненадиќ го постигна погодокот за победа.
Кентан Мае со девет гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Мортен Олсен заврши со еден помалку.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА