Унгарскиот шампион Веспрем за кој настапува македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, покрена нова хуманитарна акција за помош на децата во која се вклучени и ракометарите. Целат е да се промовира ракометот кај најмладата популација, но и да се соберат средства кои ќе бидат наменети за детските фондации.
Клубот секој ден споделува фотографии од своите играчи и тренери од детските денови и планот е да се донираат по 10 евра за секоја постирана фотографија. А фановите учествуваат во наградна игра во која треба да погодат кој е ликот на детската фотографија што се објавува секој ден.
Веспрем номинира пет клубови да се вклучат во проектот за помош на децата, а еден од нив е и актуелните европски шампион Вардар. Покрај Вардар, унгарскиот шампион ги покани да се приклучат и Балатонфуерди, Висла Плоцк, ПСЖ и Фленсбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА