Унгарски Веспрем, крајно изненадувачки, славеше против Барселона со 39-34 во полуфиналето на Светското клупско ракометно првенство, па ќе се бори за титулата меѓу најдобрите во светот.
Веспрем од почетокот ја презеде контролата на резултатот, па на полувремето имаше и предност од 15-13.
Во второто полувреме каталонскиот гигант успеа да дојде до 25-25, па во израмнет финиш регуларниот дел од мечот заврши со 29-29. Во продолжението Веспрем беше подобар во нападот и оствари триумф со 39-34.
Најдобри кај Унгарците беа Ремили и Дескат со по девет голови, додека Алеиш Гомез Абељо постигна 10 погодоци за Барселона.
Во второто полуфинале од 19 часот се среќаваат Магдебург и Ал-Ахли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА