Веспрем лесно против Митревски и Порто, Монпелје го освои Целје

Никола Митревски и неговиот Порто доживеаја убедлив пораз на гостувањето кај унгарски Веспрем (44-34) во натпревар од 4. коло од новата сезона во ракометната Лига на шампиони.

Домаќините уште од самиот старт тргнаа фуриозно, па веќе на полувреме имаа предност од шест голови (22-16). До крајот само рутински го приведоа мечот за конечни 44-34. Никола Митревски забележа четири интервенции. Кај победникот најфикасен беше Недим Ремили со десет гола, додека кај поразените Кристенсен постигна осум голови.

Францускиот Монпелје успеа да слави на гостувањето кај Целје со 29-31. Еден израмнет натпревар во кој на крајот пресуди искуството на гостите. Монте дос Сантос со десет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Тим Цокан постигна девет.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...