Ракометарите на Веспрем влегоа во нова победничка низа во Лигата на Шампионите откако славеа на домашен терен со убедливи 47-32 против Динамо Букурешт. Унгарскиот тим за денешниот меч имаше и дополнителна мотивација против романскиот претставник кој ја доби првата меѓусебна пресметка годинава во Букурешт.
По изедначената игра во поголемиот дел од првото полувреме, завршницата на првите 30. минути им припаднаа на домаќините кои со неколку „мини-серии“ стигнаа до предност од 22-15. Работите не се променија ниту во второто полувреме во кое од минута во минута предноста на Унгарците се зголемуваше за на крајот предноста да изнесува +15.
Со овој триумф Веспрем ја потврди втората позиција во групата со шест победи и три порази, додека Динамо „заглави“ на последната позиција со учинок од две победи и седум порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА