Веспрем на колена пред Борко Ристовски!

Барселона останува во игра за првото место во групата А од Лигата на шампионите откако каталонскиот гигант вечерва славеше на големото дерби на гостински терен против Веспрем со резултат 22-25. Најзаслужен за големата победа е македонскиот голман Борко Ристовски, кој уште еднаш ја потврди извонредната партија со одлично издание во второто полувреме, во кое Барса ја создаде предноста и стигна до значајни бодови.

Дербито почна со цврста игра во одбраната на двете страни, па првиот гол на истекот беше постигнат на истекот од петтата минута, дело на Виктор Томас. Двете екипи влегуваа во мини-серии, за на крајот од полувремето Веспрем да замие на одмор со минимална предност од 14-13. Ристовски влезе во игра по десетина минути игра од второто полувреме на местото на Перез де Варгас, кој не беше во ритам на оваа средба, по што Македонецот експресно остави силен печат врз играта на каталонскиот гигант. Ристовски одбрани осум од првите дванаесет удари и овозможи Барса да стигне до голема победа против еден од најсилните европски тимови.

Борко Ристовски го заврши натпреварот со 12 успешни интервенции за дваесетина минути игра, меѓу нив одбранетиот зицер на Угалде во последната минута, со што стави печат на натпреварот осигурувајќи ја победата изразена со конечни 22-25.

Кире Лазаров постигна два гола, двата во второто полувреме, а најефикасни кај Барселона беа Ривера со пет и Андерсон со четири погодоци.

Се вчитува...