Веспрем славеше победа против Фленсбург на домашен терен со 28-27, а Љубомир Врањеш на клупата на унгарскиот шампион го запиша првиот триумф против својот поранешен клуб.
Во триумфот на Веспрем, македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков доби скромна минутажа, упати два шута кон голот на Фленсбург, но заврши без погодок. Нападот на Веспрем го предводеше искусниот двоец, Mате Лекаи со девет и Ласло Наѓи со осум гола. На спротивната страна Ласе Сван заврши со пет од пет.
Во другите натпреваи од 2.коло во ЛШ, Елверум го победи Скјерн со 32-27 во скандинавското дерби, а Монпелје на гости во Русија беше поуспешен од Чеховски медведи со 24-28.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА