Веспрем се посрамоти: По 16 години не даде 20 гола на меч во ЛШ

Монпелје најде начин да го запре атомскиот напад на Веспрем, совладувајќи го европскиот вицепрвак со резултат 23-18. Манасков и соиграчите се мачеа да го најдат патот до мрежата крај извонредниот Марин Шего (20 одбрани со 54% успешност), а за фијаското најдобар доказ е податокот дека по 16 години тимот на Веспрем не успеа да ја стигне границата од 20 гола на еден меч од Лигата на шампионите.

Последен пат такво нешто се случило во ноември 2002 година, кога Веспрем гостуваше во Грција и го совлада тимот на Панелиниос со 16-17. Интересно, и тогаш како и сега унгарскиот гигант имаше Македонец во своите редови, Кире Лазаров настапи за Веспрем на тој дуел, додека Манасков денеска немаше свој ден, промашувајќи ги двата шута кон голот на Шего.

Најефикасен кај Монпелје беше Мелвин Ричардсон со осум погодоци, додека кај Веспрем по четири гола постигнаа Мае и Ненадиќ.

Се вчитува...