Веспрем се засили пред гостувањето во Битола (ФОТО)

На барање на тренерот Чави Пасквал, Веспрем експресно го врати својот поранешен ракометар Арон Палмерсон кој овој пат потпиша двогодишен договор со важност до крајот на сезоната 2025/26.

Исланѓанецот ги бранеше боите на унгарскиот тим од 2015 до 2017 година пред да се пресели во Барселона каде остана четири години настапувајќи со успех за шпанскиот клуб пред да продолжи во Алборг и исландскит ФН.

Интересно, повратничкото деби 34-годишникот ќе го има во Битола на гостувањето кај Пелистер на 24.10.

 

Се вчитува...