Веспрем ќе биде сериозно ослабен за вечерашниот дуел со Барселона во Лигата на Шампионите по неочекуваните проблеми со кои унгарскиот првак се соочил непосредно пред тргнувањето за Шпанија.
Петар Ненадиќ уште од претходно беше „во аут“ за овој меч, но тренерот Дејвис буквално во „пет до дванаесет“ остана и без услугите на пивотот Андреас Нилсон и на „бомбардерот“ Вуко Борозан. Нилсон се пожалил на болест, по што стручниот штаб донел одлука тој да се врати од аеродромот и да не патува за Барселона, додека Борозан непосредно пред пристигнувањето на аеродромот добил информација за семеен проблем поради што му било дозволено наместо за Барселона да патува за Подгорица.
Од таборот на Веспрем информираат дека Нилсон и Ненадиќ би можеле да се вратат во тимот веќе за дуелот со Целје в четврток, додека отсуството на Борозан би требало да биде нешто подолго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА