Веспрем сигурен со Нант, Спортинг го реши големиот Кијелце

Ракометарите на Веспрем на домашен терен ја запишаа првата победа во новата сезона од Лигата на шампионите, триумфирајќи во 2. коло против Нант со 30-25.

Предводник во триумфот на Веспрем беше Уго Дескат со 8 гола, а одличен кај победниците беше и Ремили со шест гола и Маргуч со пет погодоци од исто толку удари. Кај Нант најефикасен беше Леополд со пет погодоци.

Спортинг Лисабон, пак, ја запиша и втората победа на стартот од сезоната во ЛШ трумфирајќи против големиот фаворит Кијелце. „Лавовите“ славеа со 41-37, предводени од Мота Коста со девет гола, а во полскиот тим најефикасен беше Сицко со осум погодоци.

Европскиот вицешампион Фухсе Берлин, исто така, дојде до втора победа, овој пат над дански Алборг со 31-28. Победничкиот тим беше предводен од Гидсел со осум гола и Фрајхофер со седум погодоци, а кај Алборг се истакнаа Арнолдсен и Јенсен со по пет гола.

 

 

Се вчитува...