Веспрем со нова лекција против Пик Сегед до титула во купот на Унгарија

Ракометарите на Веспрем по катастрофата која му ја нанесоа на големиот ривал Пик Сегед во осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите, денеска му одржаа нова лекција совладувајќи го во финалето од купот на Унгарија со 32-35.

Во првото полувреме буквално не постоеја одбраните на теренот, а Веспрем тоа го искористи за на пауза да замине со предност од два гола 15-17. Веспрем во второто полувреме почна да го меле противникот, нешто слично како во Лигата на шампионите и на 12 минути до крајот да стигне и до големи плус шест 23-29.

До крајот избраниците на Момир Илиќ само го исконтролираа натпреварот за конечен триумф од 32-35 и нов јубилеен 30. трофеј во националниот куп.

Се вчитува...