Веспрем слеавше победа на домашен терен против Монпелје со 26-23 (13-10) во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Трите гола предност не се голема залиха за ланскиот финалист во ЛШ пред реваншот во Франција со оглед на се поголемите амбиции и се посигурната игра на Монпелје во финишот на сезоната.
Унгарскиот шампион трите гола предност ги обезбеди уште по првиот дел. Во второто полувреме Унгарците стигнаа и до +5, но Монпелје во финишот успеа да ја намали разликата на конечните 26-23 и да остане во игра за пласман на Ф4 турнирот во Келн.
Капитенот Ласло Наѓ и исландскиот плејмејкер Арон Палмарсон го предводеа нападота на Веспрем со по шест гола, а четири гола додаде Момир Илиќ. Кај Монплеје, Валентин Порт постигна пет, а Лудовик Фабрегас и Јуре Доленец додадоа по четири гола.
Реваншот од овој дуел ќе се одигра на 30 април во Монпелје.
Во другите два четвртфинални дуели во ЛШ, утре Кил ја пречекува Барселона, а Пик Сегед е домаќин на ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА