Веспрем со „убава“ разлика по првиот меч против Пари Сен Жермен

Ракометарите на унгарскиот великан, Веспрем славеа со 32-24 на домашен терен против Пари Сен Жермен во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Унгарците одиграа феноменално во фазата на одбрана во првиот дел дозволувајќи му на противникот само девет гола, па по триесет минути игра веќе имаа убава предност од 15-9. Во вториот дел успеаја да ја задржат предноста и на крајот да слават со 32-24.

Иго Деска со 10 гола беше најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Камил Шипжак постигна осум гола.

Се вчитува...