Дејан Манаков го запиша јубилејниот 100.гол во дресот на Веспрем на денешниот натпревар во полуфиналето од Купот на Унгарија. Веспрем славеше убедлива против БКСЕ со 38-22 и обезбеди пласман во финалето. Во мечот за победничкиот трофеј, Веспрем ќе игра против ПИК Сегед.
На денешното полуфинале, покрај Манасков, јубилеен гол прослави и Иранецот со унгарски пасош, Иман Џамали кој пак го постигна 400.гол во дресот на Веспрем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА