Англискиот премиерлигаш Вест Бромвич Албион го комплетираше и доаѓањето на полскиот интернационалец Гжегорж Криховјак од францускиот клуб Пари Сен Жермен. Тој доаѓа како позајмен играч за претстојната сезона, со опција потоа да биде и комплетно откупен од новиот клуб.
Криховјак не доби шанса во редовите на ПСЖ, па нормално беше да си побара нова фудбалска средина. Се реши за Премиер – лигата, иако, како што вели, имал одлични понуди од Шпанија и од Италија.
„Имав неколку понуди од клубови од Шпанија и од Италија, но одлучив да дојдам во Вест Бромвич Албион. Премиер – лигата е голем предизвик, а мислам дека ВБА во моментов е вистинскиот клуб за мене“, изјави полскиот фудбалер.
ВБА денеска го комплетираше и трансферот на Керан Гибс од Арсенал, а претходно во клубот дојдоа и Герет Бери, Оливер Бурк, Ахмед Хегази и Џеј Родригез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА