Вест Хем конечно успеа да ангажира нов напаѓач кој ќе го наследи Марко Арнаутовиќ по неговото заминување во Кина, комплетирајќи го трансферот на Себастијан Халер од редовите на Ајнтрахт. Халер е поранешен младински француски репрезентативец, кој лани имаше одлична сезона во дресот на Ајнтрахт, постигнувајќи вкупно 20 погодоци во Бундес-лигата и во Лигата на Европа.
Тимот од Франкфурт не сакаше да го продаде и вториот напаѓач по заминувањето на Лука Јовиќ во Реал Мадрид, но понудата од Лондон беше предобра за да биде одбиена. Вест Хем понуди 45 милиони фунти, многу повисока сума од реалната вредност на голгетерот.
Вест Хем мораше да ангажира нов напаѓач откако летово остана без Арнаутовиќ, Керол и Лукас Перез. Претходно приоритет беше доведувањето на Макси Гомез од Селта, но овој голгетер ги одби „чеканите“ за да потпише за Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА