Фудбалерите на Вест Хем се првите финалисти во УЕФА Конференциската лига елиминирајќи го холандски АЗ Алкмар во полуфиналето.
Англичаните се во финалето благодарение на победата и вториот меч, вечерва во Холандија победувајќи со 0-1, откако претходно во Англија победија со 2-1.
Голот за победа на Вест Хем против АЗ Алкмар беше дело на Форналс во 94. минута од средбата.
Вториот патник во финалето ќе се одлучува низ продолженија откако Фиорентина има предност од 1-2 на гостувањето против Базел во Швајцарија. Базел во првиот меч во Фиренца победи, исто така, со 1-2.
Гонзалез ја доведе Фиорентина во предност од 0-1 во 25. минута, Амдуни израмни во 55. минута на 1-1, но Фиорентина повторно поведе со вториот гол на Гонзалез во 72. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

