Вест Хем ја изненади јавноста со шокантен потег, назначувајќи ја Ева Ворли, режисерка на порно филмови, за нивен близок соработник во бордот на директори. Ворли, чие вистинско име е Ема Бентон-Хјуз, е сопруга на ко-претседателот на Вест Хем, Дејвид Саливен.
Сега, таа ќе биде во тимот кој ќе има главна задача да даде придонес и развој на клубот во иднина. Порно индустријата е бизнис каде што нејзиниот сопруг Саливен има заработено милионски суми, па неговото богатство се проценува на 1,15 милијарди фунти.
Ева Ворли е назначена за директорка на Вест Хем, покрај синот на Саливан, Дејв. Другиот син на Саливан, Џек, во моментов е извршен директор на женскиот тим на Вест Хем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

