Вест Хем го изненади Њукасл и стигна до само вториот триумф сезонава (ВИДЕО)

Фудбалерите на Вест Хем јунајтед по долго време стигнаа до полн плен во домашниот шампионат откако денеска во интересен натпревар го изненадија Њукасл со 3-1 во меч од 10. коло од Премиерлигата.

Гостите уште во 4. минута стигнаа до водство од 0-1 со голот на Марфи. Домаќините израмнија на 1-1 преку Лукас Пакета во 35. минута. До крајот на првиот дел беше и 2-1 откако автогол си постигна Ботман во петтатата минута од судиското надополнување.

Во вториот дел Вест Хем постигна гол за 3-1, но погодокот на Потс беше поништен по консултација со ВАР поради офсајд. Сепак, домашниот тим стигна до триумф од 3-1 со голот на Соучек во 98. минута.

West Ham [2] – 1 Newcastle – S. Botman 45+5'
byu/BackgroundMorning630 insoccer

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...