Вест Хем забележа рутинска победа од 2-1 над составот на Евертон, резултат со кој „чеканите“ се искачија на петтото место на табелата, со подобра гол-разлика минувајќи го Манчестер Јунајтед.
Лондонскиот клуб прв стигна до предност со евроголот на десниот бек Кресвел, кој од слободен удар маестрално ја смести топката во горниот агол од голот на Пикфорд. Евертон успеа да израмни преку Холгејт, но „чеканите“ набрзина се вратија во водство преку Боувен, кој натрча на одбиената топка по промашениот зицер на Антонио и ја смести во мрежата.
Сите шанси за камбек на Евертон исчезнаа откако гостите останаа со фудбалер помалку по исклучувањето на дефанзивецот Кин, по што Вест Хем рутински ја одржа предноста до крајот на мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

