Вест хем го враќа Един Џеко во Премиер – лигата

Босанскиот интернационалец Един Џеко е на добар пат да се врати во Премиер – лигата од следната сезона. Тој е во завршни преговори со раководството на Вест хем и се очекува да даде позитивен одговор за негов кам-бек на Островот.

Менаџерот на „чеканите“, Мануел Пелегрини, добро ги знае неговите квалитети од периодот кога беа заедно во Манчестер Сити и сака да го доведе како големо засилување за следната сезона. Вест хем е подготвен да плати 20 милиони евра отштета и да го направи Џеко еден од најплатените фудбалери во составот.

За услугите на Џеко се интересира и италијанскиот калчолигаш Интер.

Се вчитува...