Се поверојатно е дека Вест Хем Јунајтед оваа зима ќе остане без еден од најдобрите фудбалери во своите редови – Лукас Пакета.
Бразилецот оддамна изрази желба за промена на средината и враќање назад во Бразил и неговиот Фламенго, двата клуба веќе одредено време водат активни преговори кои сега се во завршна фаза.
Според англиските медиуми постигнат е договор за рекорден трансфер вреден 45 милиони евра и останува уште да се утврди начинот на плаќање пред реализација на спектакуларниот трансфер на 28-годишникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

