Вест Хем избега од опасната зона, Лестер оди кон Чемпионшип (ВИДЕО)

Вест Хем го совлада тимот на Лестер со 2-0 во последниот натпревар од 27. коло, и направи огромен чекор кон опстанокот во Премиерлигата, додека „лисиците“, пак, останаа со малку надежи дека може да останат во најелитното фудбалско натпреварување во Англија.

Победникот беше решен во првиот дел, кога Вест Хем дојде до двата гола, а во вториот дел Лестер не успеа да се врати и да остане барем непоразен.

Соучек во 21. минута успеа да донесе водство за домашната екипа, а потоа автоголот на Вестегард во 43. минута ги доближи „чеканите“ до триумфот, до кој на крај стигнаа и така избегаа од опасната зона, додека за тимот на Руд ван Нистелрој кој го претрпе четвртиот пораз, има се помалку надежи, иако на 11 кола до крајот заостануваат само пет бодови од сигурната зона.

Се вчитува...