Вест Хем Јунајтед по ангажманот на Дејвид Мојс успеа да се наметне како тим од горниот дел од табелата и да ја закомпликува битката за излез на „европската сцена“. Лондонскиот тим претходната сезона забележа настап во Лига Европа, во новата сезона ќе се натпреварува во Конференциската лига, a со оглед на конуренцијата за овој тренд да продолжи „чекичарите“ ќе продолжат со засилувања.
Англичаните ова лето успеаја да ангажираат пет нови фудбалери, а сега се на прагот да ги добијат засилувањата број шест и седум. Станува збор за Тило Керер и Емерсон Палмиери кои се очекува да бидат официјализирани до крајот на седмицата.
Керер во главниот град на Англија доаѓа од редовите на ПСЖ и ќе ги чини „чекичарите“ 16 милиони евра, додека Палмиери ќе се пресели од градскиот ривал Челси во трансфер вреден 20 милиони евра. Двајцата се прекубројни во сегашните клубови и истите настојуваат да ги продадат што побрзо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

