Вест Хем Јунајтед добива српско засилување?

Вест Хем Јунајтед тргнува по потписот на Филип Костиќ, пренесуваат англиските медиуми. Српскиот репрезентативец влегува во последната година од договорот со Антрахт Франкфурт и тоа ќе се обиде да го искористи Дејвид Мојс за да го донесе во Лондон.

Костиќ инспирираше против Вест Хем во полуфиналето од Лига Европа, и на него се гледа како замена за Арон Кресвел. 29-годишникот се очекува да донесе и голема свежина во нападот со оглед на неговите способности и со тоа да биде клучното засилување за „чекичарите“ во новата сезона.

Лондонскиот клуб успеа да ангажира три засилувања ова лето, а до крајот на трансфер рокот се очекува да доведе уште три. Вест Хем е во преговори со Амаду Онана и Џанлука Скамака, а го очекува и одговорот на Челси за услугите на Армандо Броја.

Се вчитува...