Вест Хем Јунајтед не е типичен премиерлигаш – нов договор за Дејвид Мојс

Дејвид Мојс и во иднина би можел да остане на „жешкото столче“ во Вест Хем Јунајтед. Шкотскиот стучњак во разговор за англиските медиуми откри дека му е понудено продолжување на договорот кој истекува на крајот на сезоната, на големо изненадување на навивачите.

Вест Хем Јунајтед е непретпознатлив од почетокот на новата година и е во серија од осум натпревари едно по друго без победа, но и тоа не е повод за раководството на лондонскиот тим да го замени.

Мојс на „чекичарите“ им го донесе трофејот во Конференциската лига што е прв на интернационалната сцена по повеќе од 50 години и „кредитот“ кој го доби со тоа се уште го користи што не е типично за еден англиски тим бидејќи е познато дека во елитата на „островскиот“ фудбал има мало трпение кога се во прашање тренерите.

Шкотланѓанецот откри и дека се уште не е донесена конечната одлука дали ќе ја продолжи соработката и за тоа ќе одлучи на крајот на сезоната.

Се вчитува...