Вест Хем со 70 милиони евра тргнува по хит-напаѓачот во Бундеслигата

Вест Хем Јунајтед оваа зима веќе стигна до едно засилување откако на позајмица од Манчестер Сити го договори Калвин Филипс, а премиерлигашот наскоро би можел дополнително да го засили својот ростер со хит напаѓач од Бундеслигата.

Лондонскиот тим се мачи со напаѓачите веќе подолго време па овој пат раководството на тимот е подготвени да издвои 70 милиони евра за Виктор Бонифејс и покрај тоа што нигерискиот репрезентативец ќе биде во „аут“ до месец април, пренесуваат англиските медиуми.

Со оглед на тоа што 23-годишникот со 16 постигнати голови на 23 натпревари е еден од најзначајните фудбалери на Баер Леверкузен во сезоната за восхит, да беа околностите различни реализацијата на трансферот ќе биде со минимални шанси, но големата сума на пари и повредата на Нигериецот би можела да го премисли бундеслигашот.

Се вчитува...