Финансиските проблеми кои ги направи пандемијата на коронавирус во Барселона продолжија да одекнуваат и оваа сезона. Каталонците и покрај тоа што успеаја да договорат неколку слободни играчи имаат мака да ги регистрираат истите без да го прекршат фер-плеј правилото.
Во овој поглед каталонците ќе мораат да продаваат, а на списокот на заминувања се најдоа голем број играчи. Еден од нив е и Клемент Ленгле кој претходната сезона беше стандарден во првиот тим, меѓутоа најверојатно ќе го загуби своето место покрај Ерик Гарсија.
За услугите на Францизинот е заинтересен Вест Хем кој ќе се обиде да го доведе 26-годишникот во своите редови како позајмен играч до крајот на сезоната со можност да го откупи по завршувањето на истата. Како конкуренција на лондонскиот тим се јавуваат уште Евертон и Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА