Англискиот премиерлигаш Вест хем ќе се обиде во финишот на летниот преоден рок во Англија да го доведе фудбалерот на Јувентус, Стефано Стураро. Играчот за врска е проценет на 18 милиони фунти, а раководството на „чеканите“ посакува да го добие за 15 милиони фунти.
Италијанскиот првак Јувентус се наоѓа во незавидна позиција и ќе мора да продаде неколку фудбалери до крајот на летото, за да го задоволи финансискиот фер-плеј на УЕФА. Буџетот на клубот значително се оптовари со ангажманот на португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо. Оттаму челниците на „старата дама“ бараат начин да ослободат дел од фудбалерите кои се под договор, а во тоа својата шанса ја гледа и Вест хем.
За Стураро се заинтересирани уште два премиерлигашки клуба, Њукасл и Лестер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА