Фудбалерите на Вест Хем стигнаа до првата победа сезонава во Премиер-лигата откако славеа на гостувањето кај Астон Вила со 0-1 во натпревар од 4. коло во англискиот шампионат. Клучниот момент во натпреварот се случи во 74. минута кога Форналс го постигна голот вреден три бода.
Њукасл и по четири кола останува непоразен, откако во финишот успеа да извлече бод на гостувњето кај Вулверхемптон (1-1). Домаќините поведоа со голот на Рубен Невеш во 38. минута со 1-0, додека конечните 1-1 ги постави Сент Максимин во 90. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

