Брајтон го претрпе првиот пораз во оваа сезона во Премиерлигата, откако загуби на домашен терен од Вест Хем со 1-3.
Вард-Проус во 19. минута ги донесе „чеканите“ во предност. Во 58. минута Боувен зголеми на 0-2, а Вест Хем потоа дојде и до предност од 0-3 преку Антонио.
Брајтон само намали преку Грос, но недоволно да го избегне поразот. Со оваа победа Вест Хем ќе биде лидер барем до утрешните натпревари од Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА