Вест хем доцна синоќа го комплетираше трансферот на Роберт Снодграс, фудбалерот што „чеканите“ го ангажираат како замена за Дмитри Паје. Брзоногиот крилен фудбалер, кој воедно важи и за мајстор за слободни удар, доаѓа од редовите на Вест хем за сума од 8,5 милиони фунти, со можност висината на овој трансфер да порасне до 10,2 милиони во зависност од настапите на Снодграс за тимот на Славен Билиќ.
„Пресреќен сум бидејќи доаѓам во клуб со огромна традиција. Челниците и менаџерот ми покажаа огромна доверба со самото инсистирање да ме доведат, едвај чекам да почнам да играм за Вест хем и да им возвратам“ – изјави Снодграс, кој е второто засилување за лондонскиот клуб во овој преоден рок по ангажманот на португалскиот дефанзивец Хозе Фонте од редовите на Саутемптон.
За очекување е по ангажманот на шкотскиот интернационалец Славен Билиќ да даде зелено светло за заминување на Дмитри Паје во Олимпик Марсеј, откако исчезнаа сите шанси Французинот да се смири и повторно да заигра за „чеканите“ во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА