Фудбалерите на Вест Хем пропуштија добра можност со победа над Борнмут да избегаат барем за момент од опасната зона на табелата во Премиерлигата.
„Чеканите“ одиграа само без голови, и така останаа на 18-тата позиција на табелата. Домашните играчи имаа две шанси во првиот дел, додека Борнмут во второто полуврме можеше дури и да му нанесе и пораз на Вест Хем со оглед дека ја имаа најдобрата шанса преку Рајан, кој шутираше само во стативата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

