Вест Хем остана без уште еден фудбалер

Поранешниот италијански репрезентативец Емерсон Палмиери во продолжението од сезоната нема да биде дел од англискиот премиерлигаш Вест Хем Јунајтед и кариерата ќе ја продолжи во Франција каде ќе настапува за Олимпик Марсеј.

Англискиот и францускиот клуб постигнаа договор за скромен трансфер од само еден милион евра кој ќе означи крај на седумгодишната кариера во Премиерлигата во која покрај за Вест Хем левиот бек настапуваше и за Челси.

Ова воедно ќе биде и прв предизвик за 31-годишникот во Франција откако претходно настапуваше и за Сантос, Палермо и Рома.

Се вчитува...